Услови за Враќање
Замени
Нашата полиса за замени трае 15 дена. По истекот на рокот од 15 дена од денот на нарачката, потрошувачот го губи правото на замена/враќање по овој основ.
За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:
- Производот да биде неупотребуван
- Да бидат сочувани: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот
Производи којшто имаат рок на траење или спаѓаат во групата на потрошен материјал не подлежат на враќање.
Дополнители не-повратливи производи:
- Gift cards
- Дигитални Производи
При поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува фискалната сметка или фактурата и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
Производи на Попуст
Можна е замена само на производи којшто се купени со регуларната цена, производи на промоција за жал не подлежат на рефундација.
Замени
Можеме да замениме производ само доколку има некаков дефект или е оштетен. Доколку треба да го замените производот, пратете email на infogate@infogate.com.mk или побарајте не на телефонскиот број 047/203-045.
Испорака
Враќањето на производот мора да се изврши на следната адреса: Инфогејт ИТ Системи, Рузвелтова 5, 7000 Битола, Република Северна Македонија.
Трошоците за враќање на производ се на товар на купувачот. Трошоците за испорака на производот не спаѓаат во паричен надоместок при враќање на производ.